Не, не се работи за убавина, но се работи за нешто убаво жена...

Воглавно, доколку налетате тука ќе можете да го дадете својот глас доколку сметате дека жената во нашава мала држава е нееднаква, поттисната, потценета, само затоа што е жена.

И СРЦЕТО Е МУСКУЛ

и срцето е мускул

Здраво, јас сум Марија пред се жена која повеќе неможе да молчи на тоа што и се случува на жената во нашата мала земја. Ќе кажете традиција е... Мора да се дознае дека жената во оваа земја е процентуално поедуцирана од мажите(податоци од завод за статистика на РСМ) , но не соодвествува со нејзината вработеност и местата на кои може да се вработи жена. Имаме неколку добри примери за жени претприемачи кои ќе ги претставиме тука, но што ќе правиме со другата страна на паричката. Деца кои ги мажат и раѓаат и одгледуваат деца?! Секогаш социологот во мене велеше дека треба да ни се доделат истите карти и нека победи подобриот, но... Ако загледаме во политиката ќе сакаме да не го отворевме тоа подрачје, но мора и време е. Во законодавниот дом има само 30% жени затоа што законот залага така???? И ние се претставуваме како мултиетничка и серодова земја, во која секој род и пол има еднакви шанси. Мора да се мисли дека Ева нашата прамајка му вперила пиштол на Адам да касне и тој од јаболкото и поради една жена сме избркани од рајот. Како ли го натерала? Не знам како демократска земја каква што сме нели, знаете дека во антиката законите ги носеле 3000 средовечни Грци, а жената не била сметана за граѓанин. Замислете само идеја, мисла, на една жена во кој правец ќе ја одвело демократијата и можеби навистина ќе постоела... затоа јас решив дека ден по ден, на една жена да и се укаже колку вреди и дека треба да се бори, само на една, ќе сметам дека сме победиле една битка. поздрав до мажите, но време е да добиете противник и да почнете да се борите.  До следниот пат бидете некој што ќе измени нешто. Поздрав