May. 11, 2021

да се запознаеме...

Нема да почнам со тешки теми, иако самата идеја за сево ова е поголемо од мене и тешко. Тоа што сакам на почетокот е да се запознаем, да ми укажете на кои нешта гледам погрешно или површно. Се разбира културно и аргументирано ќе дебатираме. Имам во план да направам неколку интервјуа со успешни жени кои ќе ни објаснат низ какви предизвици поминале. Ете бо можеле да ми помогнете со прашањата. Сето тоа значи дека темава ќе ве заинтересира и дека ќе кликне на неа. како што нагласив секој што културно, без навреди на било која основа ќе може да дебатира, но ќе ве молам тоа да биде на македонски стандарден јазик, претпочитам кирилично, но ако е проблем може да се употреби и латиницата, се во интерес да разбереме сите што сакате да ни кажете. Освен што ќе дебатираме ќе ги кажуваме нашите позитивни или негативни искуства од сите сфери. социјална, економска, политичка, културна и многу други сфери каде жената не е или е недоволно инволвирана како фактор. Се надевам нема веднаш да стиснете икс и ќе ми дадете шанса
Со голема почит,
Марија