May. 19, 2021

ЖЕНА, МАЈКА, КРАЛИЦА

Здраво, во последно време многу често се користи терминот,, жена, мајка, кралица. Се прашував често зошто жените се толку воодужевени со оваа реченица и што е најважно од се дали се однесува на сите жени од сите возрасти, слоеви, образовни преференции.
Дали за да една жена биде кралица мора да биде мајка?????
Затоа разговарав со многу жени, кои се и не се мајки, но секако не се кралици, не во вистинска смисла на зборот. Да ни дадат парче мудрост за тоа како успеале во во ова време-невреме да бидат жена, бизнисмен, успешни, свои.
Ме интересира само дали оние жени кои се успешни и го оствариле својот сон, а не се мајки не се ниту кралици?
Што е предуслов за една жена да ја наречеш кралица , притоа да нема врска со ниту едно монархиско семејство?
Нема, тука многу да должам, само однапред ќе им се заблагодарам на жените кои излегоа во пресрет да ни ги кажат своите приказни, збивања, невољи и да не поттикнат да си ставиме круна. Од хартија нека биде, во омилената боја нека биде, а зошто да ставиме круна? Затоа што секоја жена која се борела, бори и ќе се бори за својот сон е КРАЛИЦА!!!! (посветено на идна кралица која денеска слави роденден)