May. 31, 2021

ОБЈЕКТ ИЛИ СУБЈЕКТ

ОБЈЕКТ ИЛИ СУБЈЕКТ? ШТО ПРЕТСТАВУВА ЖЕНАТА ДЕНЕС? КАКО Е ГЛЕДАНА ВО ОЧИТЕ НА МАЖОТ, ДРУГАРКАТА, ДЕТЕТО, СОСЕТКАТА, КОЛЕШКАТА.... ВПРОЧЕМ ЦЕЛОТО ОПШТЕСТВО. ДАЛИ ЖЕНАТА ПОЛЕКА СЕ ПРЕТВОРА ВО ОБЈЕКТ НА ИНСПИРАЦИЈА, НА СЕКСУАЛНОСТ?
МОЖЕТЕ ЛИ ДА ЗАБЕЛЕЖИТЕ ДЕКА ЖЕНИТЕ СЕ ПОЕЌЕ НАЛИКУВААТ ЕДНА НА ДРУГА ФИЗИЧКИ. ГОЛЕМИ УСНИ, ГРАДИ, ТЕНОК СТРУК, НАДОГРАДЕНА КОСА.
НЕ МЕ СФАЌАЈТЕ ПОГРЕШНО НЕМАМ НИШТО ПРОТИВ ПЛАСТИЧНАТА ОПЕРАЦИЈА, НАПРОТИВ СУМ ЗА, ЗА ТИЕ НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА КОРЕКЦИЈА. ДАЛИ ПОВЕЌЕ ВО ОЧИТЕ НА ЛУЧЕТО ЌЕ ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕ ЖЕНА КОЈА ИМА НАПРАВЕНО НЕКОЛКУ ВИДЛИВИ КОРЕКЦИИ ИЛИ НА ПРИМЕР ЕДНА ДОБРО ПОДГОТВЕНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РАБОТА ОД ЖЕНА КОЈА ИЗГЛЕДА НОРМАЛНО, КАКО ДА НЕ ИЗЛЕГЛА ОД НАУЧНО-ФАНТАСТИЧЕН ФИЛМ.
СЕ НАПРАВИВМЕ ЛИ САМИТЕ СЕБЕСИ ОБЈЕКТИ? КАКО ДА СЕ ВРАТИМЕ НАЗАД?
НАЈЖАЛНО Е ШТО ПРЕКРАСЕН КАРАКТЕР И ИНТЕЛЕКТ МОЖЕ ДА СЕ КРИЕ ЗАД ЗАТЕГНАТОТО ЛИЦЕ И ГОЛЕМА ЕЛОКВЕНТНОСТ ШТО НЕ ИЗЛЕГУВА ОД ПРЕКУМЕРЕНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ УСНИ.
ИМАМ ДИЛЕМА САМИ СИ ГО ПРАВИМЕ ИЛИ Е КАКО И МНОГУ ДРУГИ РАБОТИ ПОСЛЕДИЦА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА?
НЕ, ЈАС НЕ СУМ ДЕБЕЛА, ЈАС ИЗГЛЕДАМ КАКО КИМ КАРДАШИЈАН И ЌЕ ИМАМ ТЕНОК СТРУК ЗОШТО НОСАМ НАВЕЧЕР ПОЈАС ЗА ЗАТЕГАЊЕ, ШТО????
ИМА СЕ ПОВЕЌЕ КУКЛИ ЗА ВО ИЗЛОГ, А СЕ ПОМАЛКУ ОД ОНИЕ КОИ ИЗЛЕГЛЕ ОД РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА И ЗАВРШУВААТ СО ПРВАТА ЉУБОВ....
ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ЗАПРАШАМ САКАМЕ ДА СМЕ ГЛЕДАНИ ВО ОВОЈ СВЕТ КАКО СУБЈЕКТ ИЛИ ОБЈЕКТ?
ОВА ПРАШАЊЕ ГАЛИБА ЌЕ МОРА САМИ ДА ГО СФАТИМЕ.....КИМ КАРДАШИЈАН, ПОЈАС, МРТВА МАЧКА НА ГЛАВАТА.....ОБЕСХРАБРУВАЧКИ